Разводот може да биде не само стресен и комплициран, туку и скапа постапка. Во тоа се увери и Британката Кејт Дели, која со нејзиниот поранешен сопруг најмиле адвокат, па потрошиле премногу пари и тоа на работи за кои денес смета дека воопшто не се битни за разводот.

Од тие искуства ѝ се родила идејата за нејзината нова работа… Се одлучила да им помага на брачни двојки кои ќе се најдат во слична ситуација за разводот да мине што попријателски. Потоа, со пријателката решиле тоа да го претворат во биснис, нудејќи можност за комплетен развод без адвокат.

– Разводот е тажно нешто, но не мора да биде макотрпен. Луѓето не би требало да бидат казнети поради своите тешки одлуки, вели Кејт.

Така, во Лондон пред пет години ја основале „Пријателски“ (Amicable) и досега „посредувале“ при над 2.000 разводи.

Двојките како услуга имаат и апликација и интернет-страница со чет-бот или опција за разговор со лице – „советник за развод” преку телефон. Кога ќе се договорат околу сите детали, сопружниците одат на суд, каде процедурата се привршува со одобрување на разводот. Сè тоа чини 300 фунти и сè се завршува за четири месеци.

Адвокатите ја довеле во прашање легалноста на оваа дејност, но судските органи, сепак, во јануари пресудија во корист на Амикабл. Фирмата денес има 15 вработени.

– Не можеме веќе да бидеме заглавени во стариот систем за развод, каде што на пример, Пол Макартни и Хедер Милс се гаѓаа со предмети во судницата. Луѓето, просто, не можат да си го дозволат тоа, ни финансиски, ни емоционално, додава Кејт.

Фирмата досега обезбедила милион фунти инвестиции, а има годишни приходи од 600.000 фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 10:49