Професионалните шахисти согоруваат до десетици илјади калории за време на натпревар и ослабуваат по неколку килограми. При решавање сложени математички задачи и за време на испит мозокот троши меѓу 30 и 40 отсто повеќе енергија од вообичаено.

Во 2018 години, шаховскиот турнир на британскиот остров Ман беше поле за научни истражувања. На натпреварувачите им биле закачени уреди што ја следат срцевата работа и трошењето енергија. Резултатите говорат дека некои од учесниците, без да мрднат од местото, согорувале не помалку калории, отколку еден пливач или тркач.

Научниците ги објаснуваат таквите процеси во организмот, меѓу другото и со стресот. Кога се обмислува партијата, пулсот и дишењето на натпреварувачите се забрзуваат, што на крајот се одразува и на метаболизмот.

Тоа, сепак, е поизразено кај децата.

Покрај тоа, се истакнува дека кај возрасните е малку веројатно да ослабат само со помош на умствен напор. Со годините количеството енергија што е неопходно на мозокот, се намалува, па така, и „качувањето“ килограми оди во нагорна линија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 15:40