Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска на работен состанок ги запозна претставниците од ДПА со својата платформа. Комората ги повтори заложбите за учество на бизнис секторот во донесувањето на законските решенија, за потребата од владеење на правото и за реализирање на инфраструктурните проекти, посебно во зоната Визбегово.

Пред лидерот на ДПА, Мендух Тачи беа повторени клучните принципи што ги бараат компаниите од креаторите на политиките: транспарентност и одговорност, намалување на нерамномерниот регионален економски развој, намалување на невработеноста, создавање долгорочна стратегија за одржлив економски раст и раст на БДП над четири отсто во текот на следните четири години.

– Овие состаноци се реализираат со цел да се представи економската платформа на СКСЗМ која содржи мерки и приоритети што треба да се воведат во политичките програми на партиите кои ќе бидат на власт. Платформата е изградена врз основните принципи врз кои ќе се гради меѓусебно разбирање меѓу владејачката партија и деловната заедница, рече претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.

Претседателот на ДПА, Тачи напомена дека мерките што ги предага Комората ќе бидате разгледани од партискиот економски тим.

Денешниот работен состанок беше дел од серијата средби што предизборно ги одржува Стопанската комора на северозападна Македонија со политичките партии.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 17:51