Вработените во авиокомпанија „Емирати“ еден месец ќе бидат на неплатен одмор поради ширење на новиот коронавирус. „Емирати“ досега поради Ковид-19 ги откажаа летовите за Иран, за Бахреин и за повеќе дестинации во Кина.
Претставникот на компанијата Адел ел Радх истакна дека „Емирати“има повеќе ресурси од потребното со оглед на откажувањето на летовите кон некои дестинации.
– Со оглед на достапните дополнителни ресурси и фактот дека многу работници сакаат да искористат одмор им овозможивме на вработените да искористат одмор или да земат неплатено отсуство до еден месец, посочи ел Радх.