На денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека не ја прифаќа поканата за дуел со Мицкоски на 12-ти март на Телевизија Алфа.

Рече дека тој е слободољубец, верува во вредностите, но е и човек, кој го слуша народот, откако присутните членови на СДСМ во партиската сала негодуваа на прашањето откако Заев ги праша дали да оди на ТВ дуел во Телевизија Алфа.

Додаде дека останува достапен на располагање за дуели на други места, ако пристигнат покани.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2020 18:29