Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно.

Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопшти денеска Железници Транспорт на РМ.

Оттаму соопштуваат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19:10 часот.

Од Приштина поаѓањето ќе биде во 07:10 часот, а пристигнувањето во Скопје во 09:52 часот.

– Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2020 14:34