Ксенија Малафеева (16), ќерка на поранешниот голман на Зенит од Санкт Петербург, Вјачеслав Малафеев предизвика скандал во Русија.

Проблематичната тинејџерка е обвинета дека е дилер на дрога и според најновите информации е пуштена од притвор со забрана за напуштање на градот и моментно е сместена на локална клиника под медицински надзор.

Сопругата на Малафеев загина во сообраќајна несреќа во 2011 година поради што тој мораше предвреме да ја заврши кариерата и да се посвети на приватните обврски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 01:09