Американката Софија Кенин е победничка на ВТА турнирот во Лион. Во финалето таа славеше над Ана Лена Фридсам од Германија со 6:2, 4:6, 6:4.

Мечот за титулата траеше час и 49 минути по кои, моментно, петтата светска тенисерка заслужено се радуваше и, иако потешко од очекувањата, ја потврди фаворитската улога.

За Кенин ова е петта титула во кариерата, втора во оваа година, по сензационалниот триумф на Австралија опен



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 01:36