Организаторите на карневалот во Ландерно во Бретања се задоволни, бидејќи успеаја да го соборот светскиот рекорд за најголем собир на Штрумфови, јави дописникот на МИА.

Според пребројувањето, кое сè уште мора да биде потврдено од судски извршител, кој своите заклучоци ќе ги испрати до Гинисовата книга на рекорди, околу 3.500 лица преправени според многу строги критериуми како Штрумфови, Штрумфета или дури и Веле Штрумфот, одговориле на повикот.

Досега рекордот го имаше градот Лаухринген, во Германија, кој минатата година успеа да собере 2.762 Штрумфови. Собирот се одржа и покрај ризикот од новиот коронавирус, за кој учесниците со многу хумор рекоа дека ќе го „штрумфираат“



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 01:37