Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето во однос дали тој ќе биде носител на листа или пак ќе остане на својот став да биде шпицен кандидат, Мицкоски истакна дека конечната одлука ќе биде донесена до вторник но стои на ставот дека чесно е политичарите да одберат за што ќе се кандидираат, дали за премиер или за пратеник.

- Јас сум човек кој што не ги менува така лесно ставовите и немам намера да го сменам ставот поврзан со таканаречениот кандидат за мандатар на владата, така како што вие го нарековте или како што го користиме ние во европската народна партија „шпицен кандидат“ и милам дека луѓето во животот треба да се определат и треба да се определат за една работа, не можеме ние да се определуваме за повеќе работи па која ќе помине таа нека помине, и сега ако сте се определиле да бидете кандидат за мандатар би било чесно, честито, би имало некаква морална вертикала ако ви е само тоа. Ако вие бидете и кандидат за мандатар и потенцијален кандидат за пратеник, кандидат за директор, за министер, за амбасадор и така натаму според мене лично, тоа е мое убедување дека не е чесно честито и дека тоа е затскривање позади пораз.

Тоа е она кое што јас можам да го кажам и тоа е онаа морална вертика и константа која што од кога сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш ја застапувам и континуирано ќе ја застапувам затоа што ценам во животот, вие кога се стремите за една цел вие се подготвувате да стигните до таа цел и за тоа развивате план и стратегија. Ако вие имате резервен план, втор, трет четврт за нешто друго ако не стигнете до таа цел тогаш вие не сте искрен ниту спрема бирачите ниту спрема сопствената држава, а најмалку политичарите коишто се кандидати за мандатар треба да го користат пратеничкиот имунитет како падобран за спасување, доколку ова не биде сега ќе се задскриваме таму. Тоа е суштината и тоа ние политичарите посебно лидерите, луѓето кои што претендираат да бидат кандидати односно идни мандатари на владата треба да го имаат како морална вертикала во нивното однесување, истакна Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 02:09