Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потенцираше дека заканата за пандемија од новиот коронавирус е „многу реална“.

– Заканата е реална. Но тоа би била прва пандемија во историјата која би можеле да ја контролираме, вели претседателот на СЗО. – Она што е навистина значајно е дека не сме оставени на милоста на вирусот, потенцираше претседателот на СЗО на денешниот брифинг со новинарите.

– Мора да запомниме дека со секоја правовремена одлука можеме да го забавиме коронавирусот и да спречиме нови зарази. Меѓу оние кои се заразени, повеќето ќе оздрават, потенцира Гебрејесус на Твитер.

– Во Кина веќе 70 отсто од заболените оздравеја, појасни Гебрејесус, истакнувајќи дека дури 93 отсто од сите случаи на зараза се забележани во само четири држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 22:25