Претседателот Емануел Макрон сака да го одвои резултатот на неговата партија Републиката во движење на идните општински избори и евентуалните промени во владата, јави дописникот на МИА.

Една недела пред првиот круг на општинските избори, први во историјата на партијата Ла Републик ан Марш (републиката во движење), Емануел Макрон уште еднаш ги собра во Елисејската палата лидерите и одговорните за кандидирањето на неговата партија. Можност да направи преглед на завршната фаза од кампањата во дваесетте најголеми градови во земјата, како и да се подготви начинот на кој ќе се читаат резултатите на национално ниво. Претседателот на Републиката, свесен за тешкотиите на кандидатите кои ги носат неговите бои во сложена социјална клима и недостигот на присутност на теренот на неговата партија, сака по секоја цена да ги ограничи реперкусиите за неговиот мандат од веројатно лошите резултати на изборите.

Шефот на француската држава и неговото опкружување постојано повторуваат дека нема да се има „национални последици“ од овие избори.

-Тој веќе ги прескокна изборите, забележува еден соговорник во париски Фигаро. Тој не ги игнорира истите, но не дава знаци дека ќе ја промени неговата политика.

Според аналитичарите, за макрон ќе биде да го избегне ризикот од казнено – гласање на французите. Според различни истражувања, околу една четвртина од Французите сакаат да ги искористат овие локални избори за да ја санкционираат владата.

-На терен, кандидатите страдаат од двојна појава: предизвикот на пензиската реформа и ефектот на одвраќање од етикетата на кандидатите на Републиката во движењем вели Лудовик Мендес, пратеник од Мозел.

Во февруари, партиските стратези дури забележаа „ерозија“ на макронистичките кандидати на изборите. На некои места, се очекува тие да имаат пониски резултати од заштитниците на животните. Кандидатите со етикетата на партијата на Макрон во просек беа кредитирани со 15-16 отсто од гласовите, а сега се 12-13 отсто.

Според проценките на намерите на гласачите, се очекува дека 70 отсто од градоначалниците избрани во 2014, повторно да бидат избрани. Актуелниот премиер Едуар Филип кој е кандидат во Ле Хавр, каде беше градоначалник, може да се најде во тешкотија. Неговиот неизбор, може да ги промени плановите на Макрон, кој ќе биде приморан тогаш да изврши промени во владата.

Голема непозната е кронавирусот и излезеноста на гласачите, како и начинот на одржувањето на изборите, ако епидемијата со Ковид-19, добие нови размери.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 22:51