Членовите на Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори закажани за 12. април годинава.

ОИК Куманово ги формираше 167-те одбори во кои се ангажирани 1.670 лица, информираа денеска, надлежните.

Претседателот на општинската изборна комисија, Драган Јовановски изјави дека активно и континуирано се одржуваат обуките за членовите на избирачките одбори кои се задолжителни за сите членови.

Во моментов, нагласува Јовановски, се врши ажурирање на членовите на избирачките одбори кое се спроведува согласно Изборниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 15:56