До денеска седумдесеттина полнолетни граѓани од општините Дебар и Центар Жупа извршиле увид во Избирачкиот список за гласањето на предвремените парламентарни избори на 12 април.

– Увидот завршува утревечер на полноќ, до кога отворена е и можноста за проверка на податоците на избирачите, бришење или дополнување во Избирачкиот список.

Тоа граѓаните на двете општини може да го направат електронски или писмено до нашата канцеларија,вели Албјонда Деде раководителка на подрачното одделение на Државната изборна комисија во Дебар, која просторно е сместена во зградата на локалната самоуправа.

Во Избрачкиот список запишани се околу 25.000 граѓани со право на глас,од нив околу 17.000 во општина Дебар. Општина Дебар досега беше во рамки на шестата изборна едница,со исклучок на неколку гласачки места кои припаѓаа на петтата изборна единица, во која е и општина Центар Жупа. На престојните предверемени парламентарни избори првпат сите гласачки места во општина Дебар се во петтата изборна единица.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 17:22