Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се пониски за 1,7 отсто на месечно ниво и повисоки за 9,1 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2020 година, цената на моторниот бензин пораснала за 0,6 отсто на месечно, а за 20,5 отсто на годишно ниво. Цената, пак, на дизел горивото се намалила за 3,0 отсто на месечно ниво, а пораснала за 6,1 отсто на годишно ниво, додека цената на ТНГ горивото пораснала за 3,2 отсто на месечно, односно на 2,9 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 17:55