Една од најважните мерки за заштита од коронавирусот е миењето раце. Младиот „инфлуенсер“ Куанг Данг од Виетнам осмисли посебен танц преку којшто децата на забавен начин може да се потсетат на навиката за миењето на рацете.
Идејата и проектот наидоа на поддршка од виетнамското Министерството за здравство. Данг, всушност, препеал веќе позната песна чијшто автор и самиот одлучи учествува во танц-предизвикот.
На апликацијата Тик-ток веќе има неколку стотици видеа на кои луѓе од цел свет ги следат движењата на танцот и пеат.