Голем дел од активностите и настаните кои беа планирани да се организираат во овој период веќе се одложени поради владините мерки за настанатата ситуација со коронавирусот, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми, член на Демократската унија за интеграција и воедно министер за образование и наука.

– Демократската унија за интеграција уште на првата прес-конференција на оваа тема најави дека ќе ја прилагоди кампањата согласно новите настанати околности. Повеќе активности, настани и собири со повеќе луѓе веќе се одложени. И во следниот период максимално ќе бидеме посветени доследно да ги применуваме сите препораки, заклучоци кои произлегуваат од надлежните институции. Голем дел од настаните кои беа планирани да се организираат во овој период веќе се одложени, рече Адеми.

На новинарско прашање кога ќе ги објават кандидатските листи, Адеми оговори дека оваа прашање зависи од партиските органи, додавајќи дека ќе бидат објавени во рамки на рокот определен со закон.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 00:58