Носителите и пратениците ќе бидат дел од Парламентот, таму каде што добиле доверба од народот. Ние не ставаме луѓе кои после ќе избегаат во извршната власт. Тоа не е наш концепт, потенцираше во својот говор Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на конвенцијата за промоција на кандидатските листи за пратеници.

- И свесен сум дека многумина ми викаа да одам во разни изборни единици како носител, а ќе кажам и зошто не отидов. Затоа што верувам дека со листите се предлагаат пратеници, имиња и презимиња со кредибилитет кои местото им е во парламентот, а не луѓе кои ќе продефилираат и ќе го бараат гласот од граѓаните и после ќе отидат во влада. Јас со моето име стојам зад сите 120 кандидати за пратеници и не се кријам и овој предизвик го прифаќам и убеден сум во една голема, историски најголема победа.

Затоа и Заев избега од идејата за кандидат за мандатар, човекот се плаши и бега. Знае дека и во најпесимистичките сценарија анализирани на Бихакќа ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува. Ете тоа е вистината зошто Заев не одговара на тоа што ќе прави кога СДСМ ќе загуби на изборите. Зошто ќе гледа да се спасува како пратеник и ќе го окупира лидерското место во СДСМ. Но, тоа е негова работа и јас во тоа нема да се мешам. Мене ми е целта да ја поразиме неспособноста и да ја вратиме државата на вистинска патека.

И не ги прифаќајте оние лаги и плашења од СДСМ во стилот знаеме дека СДСМ не чини ама со ВМРО-ДПМНЕ државата влегувала во опасност. И ова го викаат зошто Заев е во опасност поради криминалите кои ги прави и неспособноста што се гледа од месечината. И знае дека поразот за него на овие избори ќе значи „давај друго дете” во СДСМ и одговорност пред законите. Од тоа нема да избега никој, додаде Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 01:09