Членовите на Централното собрание на политичката партија Алијанса за Албанците, кое се одржува во Гостивар, ќе ги избере кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Според неофицијалните информации, заедно со партијата Алтернатива ќе поднесат листи за четири изборни единици.

На вечерашната седница која е во тек, има две точки на дневен ред, прифаќање на записникот од минатата седница и избор на кандидати за пратеници.

За престојните избори, партијата на Зиадин Сеља ќе настапи заеднички со Алтернатива на Африм Гаши.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 01:13