Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва на седница на Централното претседателство одлучи утре да има конвенција. На овој партиски собир ќе бидат претставени кандидатие за пратеници.

-Имавме состанок на централното претседателство на кој се разговараше за партиската конвенција планирана за утре. По дискусијата во рамки на претседателството на кое беа присутни и претседатели на ограноци беше одлучено конвенцијата да биде во Тетово, истакна Дритон Ибиши, портпарол на ДПА.

Конвенцијата ќе се одржи во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ" од 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 02:29