Интер очекува да добие 85 милиони евра за напаѓачот Мауро Икарди, пренесува „Goal.com“. Според изворот, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе преговарал со сопругата и агентот на 27-годишниот Аргентинец, Ванда Нара. „Старата Дама“ се смета за фаворит во борбата за напаѓачот.

Во тековната сезона Икарди настапува во Пари Сен-Жермен како позајмен играч. Фудбалерот има дадено 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за парижаните.

Порталот „Transfermakt.com“ го проценува фудбалерот на 75 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 14:15