Европската централна банка (ЕЦБ) објави серија мерки за да гарантира дека банките, кои се под нејзина директна контрола, можат да ја исполнуваат својата улога во финансирањето на реалната економија во услови на ширење на Ковид-19.

– Коронавирусот предизвика голем шок за нашите економии. Банките треба да се во состојба да продолжат да ги финансираат домаќинствата и фирмите кои имаат привремени потешкотии, изјави Андреа Енрија, претседател на Надзорниот одбор на ЕЦБ.

Договорените надзорни мерки имаат за цел да им помогнат на банките да и служат на економијата и да се справат со оперативните предизвици, вклучително и да извршат притисок врз нивниот персонал.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 22:48