Со цел елиминирање на секоја можност од ширење и превенција на Covid-19, секторите во Министерството за финансии ќе ги одржуваат состаноците преку телеконференциска врска, а секоја комуникација со странките ќе се врши телефонски или електронски.

-Странките, наместо да доаѓаат лично, да не контактираат на меилот infromacii@finance.gov.mk или на телефонскиот број 02/3255-300, како и на меиловите и телефонските броеви објавени на веб-страната на Министерството за финансии. Исто така, препорачуваме сите преписки, барања и други документи кои можат да се доставуваат и испраќаат електронски, да се испраќаат и примаат електронски, за да се избегне користење хартиена форма (се разбира доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал), наведува Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2020 12:01