Првиот смртен случај од новиот коронавирус е регистриран денеска во Луксембург, изјави министерот за здравство Полет Ленерт.

Во земјата вкупно се потврдени 34 заразени лица од Ковид-19.

Властите воведоа рестриктивни мерки, затворени се училиштата и градинките, времено се забранети посети во домовите за стари лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2020 00:39