Во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во аферата Рекет биле изрекетирани голем број на бизнисмени од кои е земено над 20 милиони евра рекет. Сето тоа се случувало сп знаење на Заев на кого му е потребно да продолжи нередот во Македонија и по принципот "ТРАС ТРАС" да се носат судските пресуди.

-Само соберете се она што е познато во јавноста и она што многу ќе излегува во иднина и сумата ќе оди над 20 милиони евра. Еве ексклузивно за Алфа да споделам вечерва, Заев минатата година реши мене да ме тужи за клевета токму за оваа изјава. Јас кажав дека немам намера да се извинам и решив да се бранам сам на суд. До таму оди контролата на судството, што Заев му нареди на судот да не закажува рочиште за да ние да не можеме да се сретнеме во судот и да видиме кој и зошто ја говори вистината. Кога веќе неможеше, тогаш првото рочиште се закажа на 24-ти април, значи 12 дена по завршување на изборите, како јавноста би била оневозможена да види со се што јас располагам како факти и податоци, и од каде се тие мои сознанија каде што јасно покажувам дека тој е на врвот на пирамидата, дека се изрекетирани повеќе бизнисмен и нас 20 милиони евра. Значи заканата за тужба ја даде во месец септември, а ја поднесе во ноември и рошиштето се закажува на крајот од април што е невидено во македонското правосудство. А во исто време на пример, одат постапки за Вас, за ваши колеги новинари, што гледаме дека само за изнесување на податоци од јавен карактер се осудуваат на условни казни. Што говори дека до таму оди контролата на Заев врз судството, што диригира и кога да се закажуваат рочиштата, изјави Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2020 01:15