Претседателските избори во Полска, закажани за мај, најверојатно ќе бидат одложени поради пандемијата на коронавирусот. Тоа го соопшти денеска полскиот заменик министер за внатрешни работи и администрација Павел Шефернакер.

– Изборите се за два месеца. Следните денови ќе бидат клучни за донесување одлука за одлагање на претседателските избори, изјави Шефернакер.

Странци нема да може да влегуваат во Полска, а полските граѓани кои пристигнуваат од странство ќе бидат во карантин, одлулчија властите во Варшава



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2020 15:15