Народната банка денеска соопшти дека е во постојан контакт со сите финансиски институции за коишто таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган како банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари.

-Овие институции, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги им остануваат достапни на граѓаните и на правните лица. Заради непречено остварување на банкарските, менувачките и другите финансиски услуги, ги повикуваме граѓаните и правните лица да ги следат и информациите коишто овие финансиски институции ги објавуваат преку своите официјални комуникациски канали, се потенцира во соопштението од Народната банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2020 13:57