Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа.

Напротив, Комисијата истакна дека работи според Законот и Роковникот и навремено ги презема сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагоди и ќе ја почитува секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2020 14:23