Јапонски суд денеска осуди на смрт со бесење поранешен вработен во дом за стари лица, кој со нож уби 19 лица со хендикеп и повредени десетици други, што се смета за најсмртоносен масовен напад од Втората светска војна.
Окружниот суд Јокахома го осуди Сатоши Умацу (30) за убиство на 19 и ранување на 24 штитеници на домот и двајца негуватели во јули 2016 година.
За време на истрагата и судењето, Умацу повтори дека не жали за делото, туку се обидел да му помогне на светот убивајќи луѓе за кои мислел дека се товар за општеството.
Главниот судија Киоси Анома ги отфрли барањата на одбраната да го ослободи, бидејќи бил психички неспособен од предозирање со марихуана.
Умацу им рече на здравствените работници дека е под влијание на идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.