Директорот на словенечката Агенција за разузнавање Рајко Козмељ поднесе неотповиклива оставка, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова одлука беше објавена на интернет станицата на агенција, а според соопштението причината е да и се даде можност на новата Влада да именува нов директор на словенечкото разузнавање, кој ќе им биде од доверба и на тој начин да се овозможи непречена комуникации меѓу агенцијата и Владата.

Според пишувањата во словенечките медиуми, новата Влада на Јанез Јанша ќе мора веднаш да реагира, имајќи предвид дека директорот на Агенцијата за разузнавање е и член и на Советот за национална безбедност.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2020 14:33