Отворени фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни и покрај забраната и превентивните мерки што се во сила, открила грчката полиција и биле уапсени вкупно 143 лица во 138 случаи. Бројката се однесува на случаи почнувајќи од четвртокот, заклучно со вчерашниот ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголем број од прекршувањата, како што соопштуваат од грчката полиција, се регистрирани во саботата, кога беа уапсени 90 лица, додека пак вчера, бројот значително се намалил на 16 уапсени во 16 случаи.

Областа Атика, односно поширокиот дел на Атина и понатаму е на прво место според бројот на прекршувања – 51.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2020 15:17