Каспер Хјумланд од денеска е нов селектор на фудбалската репрезентација на Данска. Тој доаѓа на местото на Аге Хареиде кој порано од предвиденото го заврши својот ангажман во Копенхаген. Неговиот договор со данскиот фудбалски сојуз беше до 31 јули оваа година и сакаше да се прости со европскиот шампион од 1992 година на континенталниот турнир ова лето. Но, УЕФА го одложи ЕП за наредната година поради пандемијата на коронавирус што ја забрза и разделбата на Данците со норвешкиот фудбалски стручњак. „Други се наоѓаат во далеку потешка ситуација од мене. Луѓето се болни, луѓето ќе останат без работа. Жал ми е, не можам да сторам ништо“, рече Хареиде.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2020 21:32