Шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, верува дека европските клупски фудбалски првенства можат да бидат продолжени кон средината на мај.

Причината за оваа изјава е ширењето на КОВИД-19 во Европа и во целиот свет.

– Во средината на мај можеме да се вратиме на европските клупски првенства и турнири. Станува збор за сите. Треба да се приспособиме и со ширењето на пандемијата. Можно е да биде и пред тоа, но сè треба да биде добро усогласено. Зависи од здравствените власти, а ние не сакаме да правиме големи промени. Во оваа ситуација, опциите не се толку многу. Ние, исто така, немаме начин да направиме долгорочни планови“, изјави денеска Тебас за „Марка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 01:18