Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово.

Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.

На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 14:29