Против две лица од Куманово е поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти полицијата.

До ОЈО Куманово вчера е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик РСМ. Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17 март 2020 влегол во РСМ преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.

При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18 март тој не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

До ОЈО Куманово исто така вчера е поднесена кривична пријава и против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ.

На март пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Владата , при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 12:06