Комерцијална банка АД Скопје ги повикува своите акционери за Собранието на банката закажано за 2-ри следниот месец учеството и гласањето да го остварат со писмена кореспоненција или со електронско гласање.

Како што соопштуваат од Банката, ова е во насока на реализирање на препораките на Комисијата за хартии од вредност од РСМ и во интерес на почитување на мерките за спречување ширење Ковид -19, а со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание без фисичко присуство на акционерите.

Детални инструкции за ваквиот начин гласање и учество во работата на Собранието се достапни на веб-страницата на Банката

За дополнителни информации може да се постават прашање по електронски пат на sobranie@kb.com.mk или на следните телефонски броеви (02)3168222 или (02)3168232.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 14:07