Британскиот премиер Борис Џонсон нареди затворање на пабови, ресторани, театри, кина и спортски сали за да се забави ширењето на Ковид-19 во државата.

Џонсон рече дека разбрал колку е тешко да се одземе традиционалното право на Британците да одат во паб, но дека било апсолутно клучно да се забави ширењето на заразата.

Тој додаде дека е вознемирувачко да се размислува за сите бизниси што ќе се соочат со тешкотии заради мерките што треба да ги преземе земјата.

-Некои луѓе, се разбира, ќе бидат во искушение да излезат вечерва, а јас им велам – ве молам, немојте, нагласи Џонсон.

Експертите посочуваат дека заразата беснее низ целиот Лондон делумно затоа што некои луѓе не ги слушаат владините совети да влезат во самоизолација. Во Велика Британија досега се потврдени 3.983 случаи на новиот коронавирус, а 177 лица починаа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 20:24