Границата меѓу САД и Мексико ќе се затвори за сите несуштински патувања, како што беше случајот меѓу САД и Канада, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот, објави Вашингтон.

– САД и Мексико решија да го забранат патувањето што не е потребно преку нашата заедничка граница, рече американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека двете држави знаат колку е важно да се соработува за да се ограничи ширењето на вирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2020 00:31