Коалицијата предводена од САД ги прекинува обуките на ирачките безбедносни сили заради ширењето на новиот коронавирус и ги повлекува своите трупи од помалите бази во арапската држава, соопшти штабот на коалицијата.

Според соопштението, коалицијата презема прегрупирање на силите во Ирак.

Тие акции „одразуваат успех“ во борбата против терористичката група ИД, појаснува коалицијата.

Освен ова станува збор за „краткорочни чекори насочени кон заштита на персоналот поради пандемијата предизвикана од коронавирусот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2020 00:39