Граѓаните да избегнуваат плаќање со пари, повеќе да користат електронски картички, апелира заменик-министерот за здравство, Арменд Аслани.

Аслани денеска, на заедничката прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш повика да се избегнува движењето надвор, собирањето по пазари, во продавници и дуќани.

-Има уште една препорака од СЗО – доколку разменуваме банкноти, пари, треба почесто да ги миеме рацете. Но, ако е можно, подобро е да плаќаме со картички, односно електронски, истакна заменик-министерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2020 16:04