Четири клуба од Премиер лигата веќе ги направиле првите обиди да го вратат Филипе Кутињо во Англија.

Сепак, меѓу нив не е неговиот поранешен тим Ливерпул, иако неодамна се шпекулираше дека тимот од Мерсисајд има интерес да го врати Бразилецот.

Според „Мирор“, Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем веќе ја прашале Барселона за условите под кои можат да го заземат играчот од средниот ред.

Кутињо во моментов игра на изнајмување во Баерн (Минхен), но според германските медиуми, Баварците не се подготвени да ја платат клаузулата за трансфер вклучена во договорот.

Според „Мирор“, четирите англиски клубови исто така не сакаат да ја платат засегнатата сума, која изнесува 100 милиони фунти, но сакаат да го позајмат Бразилецот. Весникот додава дека желба на играчот е исто така да се врати во Премиер Лигата, кој што беше најсилниот период од неговата кариера досега.

Уште во јануари се зборуваше дека Манчестер Јунајтед има интерес за Кутињо, но тогаш Бразилецот коментираше дека не може да премине на „Олд Трафорд“ поради лојалноста кон Ливерпул и навивачите на тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 15:05