Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу, ги замоли играчите да помогнат во справувањето со тешката економска состојба со оглед на очекуваните загуби. Газдата на каталонскиот клуб разговараше со капитените за евентуално намалување на платите за неделите или месеците пауза во шпанскиот фудбал.

Според Мундо Депортиво, капитените на „лос кулес“, предводени од Лионел Меси, генерално се сложиле со идејата. Околу 552 милиони евра се наменети за платите на првиот тим за оваа сезона. Ова е 53 проценти од проценетиот буџет од една милијарда и 47 милиони евра. Буџетот ќе биде ревидиран и најверојатно ќе падне под милијарда евра.

Утре ќе има важна видео конференција меѓу клубовите. Од „Камп ноу“ нема да донесат никакви одлуки за плата пред состанокот, на кој се очекува да се разговара за вообичаени мерки за решавање на финансиските проблеми во Ла Лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 15:11