Италијанскиот селектор Роберто Манчини за „Газета дело Спорт“ прокоментира различни теми поврзани со пандемијата на коронавирус.

Тој вели дека не размислувал да ја напушти Италија во моментов, затоа што се чувствувал безбедно и имал верба во докторите кои вршат херојска работа.

– Сакам да се чувствувам близу до оние што имаат потреба. Јас го кажувам ова како обичен граѓанин, а не како личност со институционална улога или претставник на земјата. Навистина ми се допаѓа иницијативата со песните на терасите. Ова е најавтентична Италија. Ние сме тие што даваат сé од себе во тешки околности кога ја покажуваме целата наша човечност. После целата оваа болка и страв, овие луѓе го заслужија Европското првенство да се одложи и да започне одново. Во текот на изминатите неколку недели, се јавив на некои од играчите. Работев и на контролните со Англија и Германија, почнував да се подготвувам за ЕП 2020. Морам да признаам дека бев разочаран од веста за неговото одложување. Сепак, ќе бидеме уште посилни следната година и ќе го освоиме, изјави тој.

Во однос на Серија А, тој вели дека е убеден дека првенството ќе биде продолжено и завршено.

– Откако ќе се одиграат сите дуели, проблемот нема да биде толку голем. Фудбалерите ќе покажат чувство на одговорност и ќе одговорат на вистински начин на сите потреби на клубовите “, изјави Манчини за „Газета“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 15:15