Полицијата во Бергамо, северна Италија, им помага на заболените луѓе со тоа што дистрибуира боци со кислород од тие кои не преживеале.

Болниците во Бергамо, Ломбардија, каде се регистрирани повеќе од 6.000 пациенти, се преполни и недостасуваат боци со кислород.

Полицијата вчера соошти дека за еден ден собрала „повеќе од 250 боци со кислород од домовите на луѓето кои починале или од аптеките“. Боците веднаш повторно се наполнети со кислород и доставени во домовите на 250 пациенти.

Мерката е одговор на пациентите кои од дома се борат против Ковид-19.

Во Италија за еден месец од новиот коронавирус починаа над 6.000 луѓе.

И армијата им помага на здраствените власти во Бергамо.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 11:03