Реал Мадрид има намера да ја засили линијата на напад на крајот на сезоната. Според „Марка“, главна трансфер цел на мадридскиот тим бил напаѓачот на Борусија Ерлинг Холанд.

Во исто време, Реал Мадрид сака да го донесе во клубот и напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, но клубот смета дека неговиот трансфер не е можен ова лето.

Деветнаесет годишниот Норвежанец се пресели во Борусија од Ред Бул во зимскиот преоден рок. Интерес за Холанд пројавува и италијанскиот шампион Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 15:20