Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг не ја отфрли можноста еден ден да се врати во Ливерпул, за кој играше од 2010 до 2015 година.

– Можно е моето враќање во Ливерпул. Ќе бидам искрен , го сакам Ливерпул. Не ме сфаќајте погрешно, овој тим е секогаш во моето срце. Ливерпул направи многу за мене кога пораснав, па …, изјави Стерлинг.

Летото 2015 година, Стерлинг го напушти Ливерпул и замина во Манчестер сити за 63,7 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 15:40