[photo]

Во текот на вчерашниот ден во Грција биле уапсени осум лица за 12 прекршувања на превентивните мерки што се однесуваат на забраната на работата на продавници, цвеќари, кафулиња, ресторани, таверни, фризерски салони, спортски сали и сл, јави дописничката на МИА од Атина.

Контролите на грчката полиција започнаа на 12 март 2020, а заклучно со вчерашниот ден биле уапсени 258 лица во потврдени 250 прекршувања.

Најголемиот број од прекршувањата, како што соопштија од грчката полиција, се во областа Атика, поширокиот дел на Атина, каде што биле регистрирани 106 случаи.


Продолжуваат прекршувањата на превентивните мерки за продавниците, кафулињата, рестораните во Грција

Конкретните контроли на полицијата се неповрзани и одделни од контролите за почитувањето на забраната за движење што стапи во сила вчера наутро.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 17:17