Премиерот на Индија Нарендра Моди денеска соопшти дека втората најнаселена земја во светот од вечерва ќе биде целосно блокирана 21 ден за да се контролира ширењето на коронавирусот.

– Од 12 полноќ целата земја ќе оди во целосна изолација. Гледајќи ја тековната ситуација, блокадата ќе трае 21 ден – три недели, рече Моди во телевизиско обраќање.

Тој додаде дека овој потег е во согласност со мислењето на здравствените експерти дека е неопходна блокада на минимум 21 ден за да се прекине циклусот на зарази.

– Ако не успееме овие 21 ден, земјата ќе се врати за 21 година. Некои семејства ќе бидат уништени засекогаш, истакна Моди.

Во Индија се регистрирани 519 заразени со коронавирусот, а 10 лица починале.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 23:17