Шпанскиот голман Пепе Реина, како што самиот призна, имал симптоми на коронавирус, а во разговор за радио „Кадена Сер“ и ги опиша какви биле. -Ги имав сите симптоми – сува кашлица, температура и отежнато дишење. Се чувствував како да ме удрил камион, рече Реина. Шпанецот кој е на позајмица од Милан во Астин Вила истакна дека постапил одговорно во ситуацијата и ги презел сите мерки на самоизолација. -Бев одвоен од семејството, се изолирав во целост. Сега се чувствувам подобро, но тоа искуство беше навистина тешко. Не ми е важно кога ќе продолжи да се игра фудбал. Ова е тешко време и ние фудбвалерите немаме право да се жалиме. Ги имаме сите услови да останеме дома, а вистински херои се оние кои живеат во 70 квадрати со три деца и се соочуваат со финансиски проблеми“, додаде Реина.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2020 23:39