Откако индискиот премиер Нарендра Моди воведе мерка за целосна изолација во земјата, веднаш започнала навалица на продавниците и аптеките.

Во Њу Делхи и Мумбај граѓаните стравуваат од недостиг на храна, а најмногу се купува ориз, брашно, леб, бисквити, масло, објави Би Би Си.

Сопствениците на некои продавници изјавиле дека „никогаш досега не виделе таков хаос“.

Полиција патролира низ улиците на Газиабад, во индиската провинција Утар Прадеш, и преку мегафон ги известува граѓаните да останат во своите домови.

Во Индија живее околу 1,3 милијарди население. Од новиот коронавирус досега се заразени 519 лица, а еден е починат.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 14:02